Дојава за експлозивна направа и во основно кривопаланечко училиште

Во полициската станица Крива Паланка денеска околу 11 часот било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во градот е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и се вршат антитерористички проверки.

Рано утринава околу 07 часот и 30 минути, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријави за бомби пристигнале на електронски адреси на три основни училишта во Скопје.

По полициските проверки во Скопје се утврдило дека се работи за лажни пријави.

Коментари

коментар(и)