Закроени лозови насади и во Романовце

Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите традиционално  го одбележа и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово. Во чест на празникот беа закроени и лозови насади во селото Романовце.

– ВМРО ДПМНЕ како демохристијанска партија традицијата ја продолжува, секоја година празникот великомаченик Трифун го празнуваме во поедини делови од градот, значи не сме лоцирани на едно место , гледаме да сме застапени на сите места , да како партија која произлегува од народот биде со народот и да овој ден на лозарите, на овоштарите, на плодноста на здравјето, го споделиме  со нашите сограѓани , изјави Зоран Ѓорѓиевски,пратеник во Собранието на РМ

-Се собравме уште еднаш во село Романовце да го чествуваме празникот  Свети Трифун, и на овој начин на сите христијани да им го честитаме празникот, а воедно на сите лозари да им посакаме успешна и бериќетна година, изјави Драган Петковски,претседател на  ОК ВМРО ДПМНЕ , Куманово

Карактеристично за одбележувањето на овој празник е избирање на кум на манифестацијата  за наредната година. Сегашниот кум , Филип Филиповски,  кумството за наредната година го предаде на неговиот сопартиец Игор Божиновски.

-Општинскиот комитет како и минатите години ги слави верските празници, почитувачи сме на традицијата, тука сме денеска да споделиме заедништво, да посакаме здравје и среќа таму каде што е потребно, изјави Филип Филиповски, кум на манифестацијата

-Традицијата ќе продолжи и понатаму, скромно одбележување на овој ден но, меѓутоа пораката е здравје и благосостојба на сите членови, на семејствата кои не угостуваат  и ни ги отстапуваат лозјата да ги закроиме,   изјави Игор Божиновски, кум за наредната година

Свети Трифун освен што е чувар на лозјата и гостилниците, се верува дека е чувар и на брачната љубов и верност.

 

Коментари

коментар(и)