Замрзната цената на лебот на 33 денари, и укината субвенционираната цена на струја за компаниите

Владата на денешната седница ја замрзна цената на белиот леб на 33 денари. Исто така, донесена е одлука и да се укине субвенционирана цена на струјата за компаниите. Цената на лебот ќе биде замрзната до 31 мај оваа година.

Како што кажа на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, овие одлуки се донесени бидејќи компаниите не ги намалиле цените на основните производи и покрај антикризните мерки на Владата.

„Антикризните мерки ги носевме за да обезбедиме мирна и предвидлива есен и зима за граѓаните и компаниите во време на енергетска криза. Компаниите добија цена на струја преку ЕСМ пониска од берзанската. Помина доволен период од последниот пакет мерки за цените да се усогласат. Проверките на Пазарна инспекција покажаа дека иако компаниите добиваат субвенционирана електрична енегрија, цените не ги намалија или ги намалија незначително. Јас неоправдно покачување на цените нема да дозволам. Затоа, на денешната седница оваа мерка ја укинавме. Производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со струја согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со струја“, рече Ковачевски.

Коментари

коментар(и)