Запленета марухана во Tабановце

Околу 4 килограми марихуана и 71 стебло од растението „канабис сатива “ утрово заплени кумановската полиција во пограничното село Табановце.  65 годишен жител на Табановце и неговиот 30 годишен син растението го одгледувале во семејниот двор. Во утринските часови извршен е претрес и на домот и во другите простории во нивна сопственост. Покрај другото, пронајдена е и воздушна пушка.

-Одземени се и предмети ( црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување и обработување на трастенијата, изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово

Против нив ќе биде поднесена соодветна кривича пријава и ќе бидат спроведени во Основното Јавно Обвинителство во Куманово. Инаку, синот досега издржувал казна затвор  за недозволена трговија со дрога, а пак таткото лежел затвор и му се поднесувани кривични пријави за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и за„измама“.

Коментари

коментар(и)