Започна акцијата за заловување на кучиња скитници

Започна заловувањето на кучиња скитници на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Секторот за инспекциски надзор.

Првата акција веќе е спроведена во населбата „Гоце Делчев“ и заловени се дванаесет кучиња.

– Акциите продолжуваат и во наредните денови. Кучињата ќе бидат третирани, вакцинирани, ќе се чуваат во прифатилиште- изјави комуналниот редар, Гордан Таневски.

Општина Куманово и АД. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“- Куманово склучија договор за заловување и третман на кучиња скитници на подрачјето на Куманово кон крајот на март, годинава, откако претходно општината објави оглас за избор на оператор за оваа дејност.

Според склучениот договор, општината на годишно ниво ќе одвои 1, 5 милиони денари за заловување и третман на кучињата скитници.

Од секторот за инспекциски надзор, потврдија дека заловувањето ќе се одвива согласно план и динамика, но ќе се интервенира и по дојава на граѓани.

Коментари

коментар(и)