Националниот ромски центар отпочна кампања за намалување на дискриминацијата кон ромската етничка заедница под мотото „ Доста е. Надмини ги предрасудите , запознај ги Ромите“! Педесетина ученици од кумановските основни и средни училишта денеска беа дел од интерактивната работилница на која заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска -Мустафа потенцираше дека иако граѓаните постепено се повеќе ја препознаваат дискриминацијата и механизмите за заштита , сепак предрасуди постојат.
-За жал морам да кажам дека дискриминацијата од година во година зазема поголеми размери и она што е интересно е што се менува основот на дискриминацијата, меѓутоа никогаш не се заборава односно не се намалува бројот на претставки поднесени по однос на етничка припадност,изјави
Работилницата е првиот дел од имплементацијата на оваа кампања, посочуваат од НРЦ.
-Во втората фаза имаме креативни дела во кои учениците ќе цртаат на маички и ќе се снима видео материјал, и третата фаза е изложба на изработените дела од настанот, изјави Ирфан Мартез, од Национален ромски центар
За да се намали дискриминацијата, според заменик народниот правобранител, потребни се заложби за повеќе кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните, за едукација на децата, за еднаквост и заштита од дискриминацијата.
Кампањата„ Доста е “ се спроведува со поддршка на Советот на Европа, како дел од програмата Roma Prade.