Започна кампањата за локалните избори

Денеска почнува изборната кампања за локалните избори закажани за 17 октомври. Таа ќе трае 20 дена, односно до 15 октомври на полноќ. Во општините каде што ќе има втор круг, пак, ќе се гласа на 31 октомври.

На изборите ќе учествуваат 301 кандидат за градоначалник и 576 листи за советници.

На овие избори право на глас имаат 1 824 864 граѓани. Избирачкиот список беше заклучен на седница на ДИК, а најдоцна на 1 октомври, односно 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список и изводите од него. Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 82 461 лица, кои се на привремена работа или престој во странство, согласно евиденцијата на надлежниот орган, 1 899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

 

Коментари

коментар(и)