Започна учебната година

Со задоцнување од еден месец, денеска почна новата учебна година. Дел од училиштата, утрово организираа свечен прием за првачињата. Меѓу нив и основното централно училиште „Крсте Мисирков“. Директорот на училиштето, Александар Јовановиќ им посака добредојде на 134-те ученици во ова централно училиште.

– Почнува интересна и специфична година, навикнати сме да гледаме голем број дечиња. Ковид -19 исцртува нов образован систем со онлајн настава и настава со физичко образование од прво до трето одделение. Да се надеваме дека брзо ќе замине Ковид 19 и ќе имате убави мигови и спомени во училиштето, рече во обраќањето, Јовановиќ.

И градоначалникот Максим Димитриевски рече дека е оваа е мошне невообичаена година за учениците и им посака успех, здравје, но и меѓусебно другарување.

На подрачјето на Куманово речиси сите училишта во урбаната средина ќе ја спроведуваат наставата онлајн освен учениците од прво до трето одделение. Во руралните средини, Комисијата дозволи настава со физичко присуство на учениците.

Коментари

коментар(и)