Започнува Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе биде отворен Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ со книжевна вечер на академикот Влада Урошевиќ и српската авторка Даница Вукиќевиќ – добитничка на Ниновата награда. Модератор е Александар Маџаровски од Скопје“.

На дводневниот фестивал ќе учествуваат автори од Македонија, Србија, Словенија и Бугарија.

Утре, во 12 часот ќе се одржи работилница за деца од пониските одделенија,  која ќе ја води Елена Величковска. Потоа ќе биде промовирана книга на писателката за деца Јулија Величковска.

Во 17 часот ќе се одржи кружна маса на која ќе дебатираат за преводите: Петар Андоновски, Саша Пуљаревиќ од Словенија, Катица Гаровска, Елена Алексиева од Бугарија. Модератор е Владимир Јанковски.

Во 20 часот ќе се одржи втората вечер на фестивалот, а учесници ќе бидат Елена Алексиева и  Арлинд  Фазири, Живко Гроздановски, Калина Малевска и Стефан Алиевиќ. Модератор е Ана Јовковска.

Фестивалот финансиски е поддржан од министерството за култура.

 

Коментари

коментар(и)