Затворени четири угостителски објекти, казнети девет, не издавале фискални сметки

Во текот на вчерашната вечер беше спроведена акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово, од страна на Одделот за криминалистички работи, Единицата за брзо распоредување, СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, информира МВР.

За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени од страна на ДПИ, поради присуство на гости без задолжителните Ковид-сертификати, а за девет објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи поради неиздавање на фискални сметки.

По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коментари

коментар(и)