Затворен објект кој не го почитувал работното време

Синоќа во 21.50 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објект за компјутерски игри на ул.„Владимир Назор“ во Куманово, сопственост на Р.И.(23 години) од Куманово. При контрола во објектот биле затекнати 13 лица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коментари

коментар(и)