(ВИДЕО) Зачестија повиците во Итната помош

Температурните разлики предизвикаа проблеми кај граѓаните. Од итната медицинска помош во Куманово информираат дека е зголемен бројот на граѓани кои побарале итна интервенција од лекар, најмногу поради колапси од топлото време.

-Деновиве се соочуваме со проблем на зголемен број пациенти граѓани кај кои настанува губиток на свест, колапси, претежно на јавни места и површини.  Дневно, од 35 до 40 случаи меѓутоа тука се вклучени и останатите дијагнози -вели доктор Марија Петрушевска, докторка при Итна помош Куманово.

И кумановци се согласуваат дека температурните разлики влијаат на нивното здравје.

-Топло е, не се диши, тешко-вели една повозрнасна кумановка.

-Седам дома, не излегувам –дополнува друг.

-Не сум излегла, но сега по потреба-нагласува кумановка.

-Од работа капка и очила и бргу дома-истакна еден кумановец.

Здравствените работници апелираат да се следат препораките на матичните лекари. Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, а  периодов да се козмумираат и повеќе течности.

-За останатите граѓани се препорачува да не излегуваат на сонце од 10 до 17 часот. Да конзумираат повеќе течности но доколку е неодложно да се излезе во овој период соодветно да се заштитени, со заштитни очила, капа со лесна боја, да носат со себе вода и истата да ја конзумираат и доколку почувствуваат некој од симптомите, главоболка, вознемиреност, да седнат под сенка да се напијат вода, и електролити или да повикаат екипа на итна помош-дополнува Петрушевска.

Од оваа здравствена установа апелираат и до возачите периодов, кога имаат почести повици, да ја почитуваат обврската за првенство на минување на возилото на итната помош.

Во почести случаи отстапуваат простор, но секаде има несовесни возачи, кога ќе видат возилот на итна медицинска помош со ротации, звучна сигнализација, не мора нагло да кочат нека ја намалат само брзината, услов ако има да се тргнат на страна. И до граѓаните има често снимаат од страна, даваат коментари, гледаат, а никој не сака да помогне. Но и на нас ни треба помош не сме толку спремни сами да го подигнеме, сепак се работи за човечки живот-додава Бобан Цветковски, возач во Итна медицинска помош Куманово.

Итната помош во Куманово располага со две екипи, вклучувајќи ја и општина Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)