За еден месец ќе се отвори градинката во „Пионерски дом“

Најдоцна за еден месец ќе се отвори градинката која што е сместена во поранешен Пионерски дом. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска, посочувајќи дека отворањето се одолжило заради дозволи од други надлежни институции.

-Тоа е стар објект реновирањето се заврши веднаш како што беше најавено во 40 дена но сепак има други институции кои треба да дадат дозвола за отворање на градинката се направи и дополнително поврзување со гасната мрежа во општина Куманово за да имаме енергетски поефикасен објект. Тоа се чека да се постави мрежата за затоплување на тој објект да не одиме со електрична енергија и панели туку со греење на гас и верувам дека за еден месец сигурно ќе завршиме со отворањето и на таа градинка-истакна таа.

Царовска дополни дека општините кои имаат подготвен проект за градба или доградба на градинки, можат да аплицираат во Министерството за труд и социјална политика, за да се обезбедат финансиски средства во тековната или годините што следат.

 

 

 

Коментари

коментар(и)