За само еден ден 953 санкции за брзо возење на ниво на земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Коментари

коментар(и)