Зголемени пријави за семејно насилство

Зголемен е бројот на пријави за семејно насилство во Куманово. Според податоците на СВР Куманово годинава се регистирани 115 кривични пријави. Најчесто жртвата е брачен партнер, кој бил тепан или психички малтретиран. Од нив во три случаи биле малтретирани деца, 2 мажи, а останатите жртви биле жени. Најчесто се работи за припадници на  македонска националност, потоа ромска, а најмалку има Албанци, бидејќи како што велат надлежните тие воопшто и не пријавуваат вакво насилство. Од полицијата истакнаа дека често се случува додека ја пишуваат пријавата жртвата да ја повлече. Ова беше истакнато на денешната трибина Насилство врз жените, која што ја организираше Центарот за рурален развој Бујрум, во соработка со УНДП.

-Трибината се организира токму во овој период кога се обележува недела против насилство врз жените тоа е светска кампања подржана од Обединетите нации од 25 ти ноември до 10 декември за таа цел и ја организираме оваа трибина да се запознаа кумановската јавност со ситуцијата во Куманово кога станува збор за семејно насилство-истакна Александра Тасиќ, претседател на ЦРР Бујрум.

Претседателката на организацијата за жени Кумановка, Виолета Петровска истакна дека мора да се направат интервенции во законите.

-По некои истражувања што ги направивме од нашата органиазција, економското насилство е најзастапено но истражувања на други организации податоците кажуваат нешто друго дека најзастапено е психичкото насилство во нашата општина, потоа оди физичкото, па психичкото и фиизичкото и на крај сексуалното насилство. Една од новите од оваа година што се појавува е насилството врз лицата со попреченост-посочи Петровска.

Таа додаде дека често поради страв, срам но и не препознавање, жртвата не го пријавува насилството.

Коментари

коментар(и)