Зголемен интересот за вакцинација, се имунизира со Синовак и Астра Зенека

Новите мерки значајно го зголемија интересот за вакцинација. На единствениот пункт во Куманово досега се имунизирани над 40.000 лица од североисточниот регион. Расте интересот и кај помладите до 18 години. Од почетокот на имунизацијата досега се вакцинирани 544 лица. Најмладиот пациент има 12 а највозрасниот 106 години. Пунктот во Бедиње во моментов располага само со вакцините Синовак и Астра Зенека за прва доза, а се врши и ревакцина со Фајзер. Од установата посочуваат дека дел од граѓаните бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, но во моменов располагаат со 12.000 од наведените вакцини.

-На дневно ниво вакцинираме близу до 1.000 граѓани, моментално на нашиот пункт располагаме со Синовак и Астра Зенека за лицата над 60 години а се врши и ревакцинација со Фајзер, Астра Зенека и Синовак. Има граѓани кои имаат одредена желба за некоја вакцина, но сега со она што располагаме им е опција-вели Монализа Мемети, докторка Здравствен дом Куманово.

Пунктот во Бедиње работи во една смена. Но и покрај интересот денеска не можеше да се забележи поголем метеж. Граѓаните нагласуваат дека се задоволни од процесот, нема подолго чекање.

Теренската вакцинација во кумановско е завршена. Беа опфатени 38 села, а аплицирани над 2.000 вакцини. Интерес има и за вакцинирање во домашни услови за стари и немоќни лица. Деновиве ќе започне и имунизацијата на реонските попишувачи.

 

Коментари

коментар(и)