Зголемен интерес за огревно дрво

Граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричане  кои се греат на дрва немаат проблем да ги набават. Од Македонски шуми, подружница Куманово тврдат дека има доволно количество огревно дрво за задоволување на потребите на жителите  од трите општини. Шумско стопанство располага со повеќе видови, а најбарана е буката, како и секоја година. Карактеристично за  годинава е што кумановци купуваат повеќе дрва од претходните , а тое се должи на високата цена на струјата и на нискиот животен стандард во државата.

-Сите видови ги имаме,  посебно бука и даб, имаме и други видови, цената на бука е 2.371 денар метар кубен даб, 2 455 денари, метар кубен бука, граѓаните се задоволни со нашата цена бидејќи нашата цена е државна цена, а приватно се продава по 3000, 3.100. Ги молам граѓаните од трите општини да дојдат во Шумско стопанство -Куманово дрвата се поевтини, а планот е обезбеден и сигурно граѓаните ќе бидат задоволни со квалитет и со сите видови дрва, изјави Ваит Саити, директор на Ј.П. Македонски шуми, подржница Куманово

Дека огревното дрво е најисплатлив енергенс говори фактот што во подружницата трошоците се намалија за 50 проценти откако почнавме да се грееме на дрва, вели Саити. Од Шумско стопанство информираат дека и годинава продолжуват со склучување договори со синдикални организации за купување огревно дрво.

–  Посебно имаме повеќе од 3 илјади кубици дрво договори со синдикални организации,  тие синдикати ќе бидат задоволни бидејќи дрва има, изјави Саити.

Од  40 до 60 илјади метри кубни во просек  е побарувачката на граѓаните за огревно дрво во една грејна сезона. Надлежните се оптимисти дека цената на дрвата ќе остане иста и во наредниот период, но сепак последниот збор го имаат Управниот одбор и Владата.

Коментари

коментар(и)