Здравствен дом Куманово се подготвува за вакцинација (ВИДЕО)

Здравствениот дом, Куманово, интензивно се подготвува за претстојната вакцинација на здравствените работници со вакцина против коронавирусот, соопштуваат од оваа здравствена установа. Кадарот ни е заинтересиран да ја прими вакцината, но предност секако ќе имаат вработените во Итна помош. Тимот веќе бил на обучување, а имаат подготвено и посебна просторија со засебен влез, одвоени од местото каде се спроведува вакцинацијата на децата.

Директорот, Фарук Алили, рече дека вакцинацијата во прво време ќе се одвива на еден пункт, а со текот на времето и интересот ќе се работи и во две смени.

Доктор, пак, Снежана Јовановска, началникот на превентивна медицина од Здравствен дом, Куманово, вели дека веќе е организиран тим кој е искусен за спроведување на вакцинацијата и дека спасот на целото население лежи токму во апелот што поголем број граѓани да ја примат.

 

Коментари

коментар(и)