Здружението „Новак“ со хуманитарен тениски турнир за Ана и Теодосија

Здружението „Новак“ организира хуманитарен тениски турнир за Ана и Теодосија. Турнирот ќе започне од утре од 16 часот на тениските терени кај спортската сала, а ќе трае до 22-ри месецов.

Натпреварите за викенд ќе се одржуваат од 13 до 18 часот. Организаторите ги повикуваат љубителите на спортот, но и сите кои се во можност да присуствуваат на турнирот, на кој ќе бидат поставени кутии за донации.

Целиот приход од котизација од играчите ќе биде приложен за двете мали кумановки, на кои им е неопходна нашата поддршка.

На 27-ми во сабота, е предвидено да се одржи и  хуманитерна трка која ја организира Советот на Општина Куманово. Трката ќе започне во 10 часот, а во тек е пријавувањето. Со купување на број граѓаните ќе донираат за Ана и Теодосија.

 

Коментари

коментар(и)