Земјоделците аплицираат за ИПАРД 2 програмата

Голем е интересот на земјоделците од поширокиот кумановски регион за мерката „ Инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства“ за која е во тек јавниот повик , а е дел од Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Eвропската унија (ИПАРД 2 ) за периодот 2014-2020, информира раководителот на подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Џабир Рамадани.

-Имаат право сите на учество. Се знае дека од ИПАРД средствата, 75 проценти се од ЕУ ,а 25 отсто пари од РМ. Кофинансирањето е 60 проценти финансира ИПАРД , 60 отсто земјоделецот и 65 проценти ако е под 40 години млад земјоделец или 70 проценти во планинските области над 700 метри надморска височина. Што се однесува до техничката работа, подготвување на технички предлог -проекти или бизнис планови зависи од обемот на инвестицијата над 50.000 евра се прави бизнис план, под 50.000 евра технички предлог-проект  заедно со барање и изјави што треба да се подготват, изјави Џабир Рамадани, раководител на  Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Куманово

Бесплатна соодветна поддршка и помош околу подготовката на документацијата потребна за аплицирање за оваа мерка, земјоделците можат да добијат во подрачната канцеларија на агенцијата, секој работен ден, посочуваат надлежните. 

-Се аплицира, после прегледот, контрола од  секторите од Платежна агенција под претпоставка дека го одобруваат проектот се потпишува договор за колку време ќе го реализира земјоделецот проектот , после реализација, земјоделецот поднесува барање за исплата и за одреден период му се враќаат средствата, 60 проценти, односно 65 отсто или 70 проценти, изјави Рамадани.

Најголем интерес во претходниот јавен повик  кај земјоделците, велат надлежните имало за трактор, но годинава тој не е предмет на финансирање од причина што, според Платежната агенција  ставката за трактори била потрошена, а досега се дадени 700 трактори.

На овој јавен повик земјоделците најмногу аплицираат за приклучна механизација.

-Најмногу се заинтересирани за приклучна механизација, некои најавија согласно документите за изградба на штала за стока, за говеда, за молзни крави, некои најавија за ограда на овоштарник, систем капка по капка, ископ на бунар, од сите профили по нешто ќе конкурираат, но најмногу за приклучна механизација, изјави Рамадани. 

Рамадани ги повика кумановските земјоделци  навремено да ги достават документите во агенцијата, а не да ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, кој според објавениот јавен повик е 09 –ти  февруари.

Што се однесува до ИПАРД 2 програмата , минатата година дваесетина земјоделци од кумановско кои што аплицирале во подрачната канцеларија на агенцијата добиле трактори и приклучна механизација.

Коментари

коментар(и)