Зошто Максим Димитриевски се сретна со министерот за информатичко општество? (видео)

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска се сретна со Министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири, за да го претстави ДСМ системот за дигитализација во нашата општина. Ние всушност сме пилот проект како општина и ова ќе биде само почеток на ерата на осовременување во поглед на брзината на завршување на административните обврски за нашите сограѓани, но и за сите вработени во институциите.

 

Во прилог на оваа убава вест се надоврзува и отворањето на Центарот „Една точка на услуги“, во кој Министерот не го сокри своето задоволство од завршување административна работа од две институции на едно место, за многу кратко време. Сега за сега, Центарот нуди 62 граѓански услуги и над 800 информации за добивање на услуги. Инаку, Куманово е трет град, зад Скопје и Тетово, каде што има отворено ваков Центар.

 

Коментари

коментар(и)