Иван Димитриевски нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово

Иван Димитриевски е назначен за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, општински комитет Куманово.  Тој е избран по одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на претседателот Сергеј Попов, за дадената доверба и да се заблагодарам за поддршката на Извршниот Комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-напиша Димитриевски на „Фејсбук“.

Тој позицијата претседател на локалниот огранок ја презема од Иван Илиевски.

Коментари

коментар(и)