Иван Илиевски нов претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Иван Илиевски е избран за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Вечерва со одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум избран за претседател на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово. Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на претседателот Сергеј Попов, за дадената доверба и да се заблагодарам за поддршката на Извршниот Комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-напиша тој на „Фејсбук“.

Илиевски доаѓа на местото на Филип Стефановски, кој досега ги водеше младите од ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Коментари

коментар(и)