(ВИДЕО) „Идеална половина“ вечерва на „Денови на комедија“

Претставата „Идеална половина“ на продукцијата Арлекин од Белград, Република Србија вечерва е на репертоарот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој се одржува во Центарот за култура. Дел од оваа претстава е еден од најпознатите актери во регионот Милан Калиниќ, кој игра заедно со Олга Одановиќ, Вучиќ Петровиќ и Анастасија Мандиќ.

Во рамки на Денови на комедија викендов беше изведена и претставата „Умри машки“ на театарот од Струмица. Станува збор за комедија работена според текстот на Алдо Николај, а во режија на Кире Ѓоргиев. Во претставата играат Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков, Никола Костадинов и Коле Китанов.

-Ова ми е втора година да настапувам на Денови на комедија, минатата година учествував. Ова ни е втора година со Умри машки, за прв пат во Куманово да ја играме претставата и со досегашното искуство мислам дека беше добро прифатена од публиката. Има и други фестивали кои се одржуваат во Македонија, Прилеп, Струмица. За комедија мислам нема на друго место освен Куманово, а комедијата е добро прифатена од публиката  и мислам дека во вакви време-невреме ни треба повеќе позитивна енергија и затоа е добро ако се организира и на други места-истакна актерката  Танкица Стојанова од струмичкиот театар.

Коментари

коментар(и)