Избрана компанија која ќе врши дезинсекција и дератизација

Општина Куманово од буџетот ќе одвои еден милион денари за дезинсекција и дератизација. Огласот е завршен, се пријавиле тројца оператори, а е избрана „Плант Медика“ од Куманово. Заинтересираните оператори требаше да достават соодветна документација, како и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓаат на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и да му е издадена дозвола за вршење на дејноста дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести во објекти кои не се здравствени установи, училишни и предучилишни установи, установи за сместување на деца и младина и социјални установи, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести издадена од Министерството за здравство. И претходните години општината одвојуваше средства за овие третмани кои се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци. Лани и претходните години со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција.

Коментари

коментар(и)