Избрани новите министри во Владата

Доцна синоќа со 65 гласа „ЗА“ Собранието ги избра четирите нови министри во Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Нови министри во владиниот кабинет се Кренар Лога (Алијанса за Албанците) за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, Фатмир Меџити (АА) за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, Азир Алиу (АА) за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација и Каја Шукова (СДСМ) за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Реконструкцијата на Владата доаѓа откако во владеачкото мнозинство влезе и АА што беше причина претходниот партнер, партијата Алтернатива, да замине во опозиција.

 

Коментари

коментар(и)