Изведена претставата „Без паника“

„Без паника“ е насловот на комедијата на битолскиот театар, која синоќа беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во рамки на фестивалот „Денови на комедија“.  Претставата е напишана според текстот на Мика Мулуахо, фински модерен текстописец, а режијата е на Благој Мицевски. Се работи за трилогоија, која е пишувана во 2005 година. „Паника“ е првиот дел кој е посветен на мажите во општеството, вториот дел се вика „Хаос“ и се занимава со жените, а третиот дел се вика „Хармонија“ и го сочинуваат неколку брачни двојки. Ликовите во претставата ги играат Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски и Александар Копања. Тие истакнаа дека секогаш со задоволство настапуваат на фестивалот Денови на комедија.

-Секогаш кога доаѓаме во Куманово супер си поминуваме и секогаш знаеме дека кумановската публика доаѓа отворена за комедија, позитивни работи, претстави кои досега на сите фестивали ние доаѓаме уште на фестивалски денови, потоа од битолскиот театар секогаш гостуваме тука. Кога доаѓаме, сме опуштени и среќни што гостуваме тука-изјави актерот, Марјан Ѓоргиевски.

-Реакации и онаму каде што очекувавме и таму каде што не, целосно забавување, се надевам  и публиката го има истото мислење. Режисерот, познавајќи не добро, не избра нас тројца како добри познавачи, пријатели, меѓусебе, не собра и оваа претстава во суштина е дело на луѓе коишто добро се познаваат. За да функционираат добро некои работи, без оглед дали му се допаѓа или не и можат да функционираат само ако луѓето добро се познаваат и добро стојат-нагласи Никола Пројчевски, актер.

Тие додадоа дека „Без Паника“ се наоѓа на тековниот репероар на битолскиот театар, и дека од премиерната изведба во февруари минатата година ја имаат изведувано 54 пати.

-Навистина е прекрасно, прекрасна екипа, кога преовладува позитивна енергија, помеѓу нас актерите, самата претстава нуди и импровизација, знаеме понекогаш и да претераме, но гледаме да се држиме до интегралниот текст, пресреќен сум навистина преубаво е да се соработува и со Марјан и со Никола имаме позитивна енергија, а особено кога наидуваме на ваква публика, фидбекот што ни се дава –додаде  актерот Александар Копања.

Вечерва, кумановци ќе имаат можност да ја видат претставата Детектор за лаги, на охридскиот театар „Григор Прличев“. Текстот е на Василиј Сигарев, а режијата на Ненад Витанов. Настапуваат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

 

 

Коментари

коментар(и)