Изведена претставата „Хамлет од Горно Дупени

„Хамлет од Горно Дупени“ е насловот на комедијата со кој настапи театар Војдан Чернодрински од Прилеп, на овогодинешното издание на фестивалот Денови на комедија. Претставата е работена според текстот на Иво Брешан, а во режија на Кирил Петрески. Станува збор за травестија на познатата комедија од Шекспир Хамлет. Се работи за еден од најдобро напишаните драмски текстови во тој период од редот на т.н. „политички театар“. Хамлет од Горно Дупени го прикажува целиот апсурд на еден општествен поредок и воопшто на власта.

-Јас го играм ликот на Јоцо т.е Хамлет во претставата што се подготвува и тој е бунтовник без причина, наоѓа начин дали против власт се што се случува текстот што е актуелен што го прави денеска без оглед што е напишан пред повеќе години го има и денес ги нема оние важните работи, човечноста тоа е многу важно една линија што не остана човек денеска да стои зад тебе ако си во право да ти го каже тоа, ако си во грешка да ти каже дека не е добро, се некој интерес, сите поважни работи освен човештвото и затоа мислам дека е голем и важен овој текст-истакна актерот Зоран Иваноски.

Покрај Зоран Иваноски, во претставата настапуваат и Андон Јованоски, Марјан Чакмакоски, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски Сара Спиркоска Борче Василески, Надица Дојкоска, Глорија Талеска, Давид Папазоски Евгенија Јакимоска, Емилија Чавлеска.

Сценографијата е на Зоран Николовски, костимограф е Даниела Настоска, а музиката е на Томе Темелкоски.  Кумановската публика вечерва има можност да ја проследи претставата Парламентарки која ќе ја изведе театарот Григор Прличев од Охрид.

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)