Извлечена е првата 7-ка на Лото 7

Среќната ѕвезда во Кавадарци ја донесе најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија, вредна близу 500.000 евра.

Ова е досега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје.

Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата.  Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Среќниот добитник, уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил во понеделник, во Кавадарци.

-До сега дел од нашите среќни добитници на 7-ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби-велат од Државната лотарија на Македонија.

Коментари

коментар(и)