Автомобил марка „голф 4“ вчера бил опожарен во близина на наплатната станица кај селото Романовце на автопатот Куманово – Скопје.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, гаснењето на опожареното возило траело половина час.
Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на опожарена сува трева во населбата Бедиње.