Изгор цени на Зелениот пазар

Изгор цени на кумановскиот пазар. Особено отскокнуваат цените на пиперките, краставиците, карфиолот, крушите. Иако продавачите имаат полни тезги со овошје и зеленчук, сосема е мал бројот на купувачи. Тие потврдуваат дека годинава за разлика од лани  цената е повисока  на краставици кои се продаваат по 70 денари, како и пиперките, а главна причина за тоа се големите горештини. Додаваат дека нивниот труд се уште стои во нивите, бидејќи нема кој да го купи.

Граѓаните коишто повеќе прашуваа за цените, отколку што купуваа нагласија дека годинава цените се малку повисоки. Тие не помнат кога краставиците биле толку скапи, исто како и лутите пиперки. Велат дека поради финанската состојба мора да го ускратат правото од одредени намирници.

Иако денеска е четврток, може да се каже дека на Зелениот пазар е сосема обичен ден во неделата.

Коментари

коментар(и)