Изложба на Андријана Мациев во Центарот за култура

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ќе се отвори изложбата на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев. Се работи за дваесеттина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно и  претставуваат  дел од нејзината најнова продукција. Изложбата ќе се отвори во 19 часот.

Андријана Мациев е родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложува самостојно (30 тина изложби) и учествува на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Учествува на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др.

Добитник е на повеќе награди.

Коментари

коментар(и)