Изложба на воени воздухоплови и опрема на аеродромот Аџи Тепе

Во недела во период од 11:00 до 14:00 часот на локација на спортски аеродром „Аџи Tепе” – Куманово ќе се одржи изложба и презентација на воени возила и опрема Air/Ground Static Display, во организација на АРМ, во соработка со Амбасадата на САД и Општина Куманово, каде што посетителите ќе имаат можност непосредно да разгледаат воена и цивилна воздухопловна опрема и возила.

Возила и опрема: Хамви со митралез 50 калибар, Хамви со фрлач на гранати Mk19 40mm, Амбулантно возило, Хамви со минофрлач 120мм, Хармелин, JLTV, Оклопно возило кобра , АБХО возило – форд, Падобранска опрема, Алпинистичка опрема , Нуркачка опрема, АБХО опрема и друга опрема.

Воени воздухоплови:CH 47 (Chinook), AH 64 (Apache), MI 8-17, UH 60 ( Black Hawk), како и спортски воздухоплови.

На настанот ќе бидат изложени цртежи на учениците од средните општински училишта кои што цртаа за оваа пригода, а за музиката ќе биде задолжен оркестарот “Синфониум” при Гимназија “Гоце Делчев”.

Дополнителни информации

На ден 21.05.2023 од 11:00 часот до 14:30 часот предвиден е превоз од постојка над Занаетчиски Дом, до локација Спортски Аеродром “Аџи Tепе”.

Поаѓање од Центар кон Спортски Аеродром “Аџи Tепе” (постојка кај Занаетчиски Дом).

11:00 часот
12:00 часот
13:00 часот

Поаѓање од Спортски Аеродром “Аџи Tепе” до Центар (постојка кај Занаетчиски Дом)

12:30 часот
13:30 часот
14:30 часот

Коментари

коментар(и)