Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ в четврток со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски. Станува збор за негова најнова продукција од дваесетина дела работена во периодот 2020-2022 и е негова прва самостојна изложба.

Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Најмногу сака да работи мурали, графити и слики на  платна но сака и од време на време да се занимава со други техники и правци кои ги нуди уметноста. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Хрватска.

Коорганизатор и учесник на графити фестивали во Куманово, а има сликано мурали како во градовите низ Македонија така и во Америка, Австрија, Црна Гора.

Коментари

коментар(и)