Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“

Љубителите на уметноста синоќа имаа можност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ да присуствуваат на отворањето на изложбата на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“, која ја организира Домот на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе. Пред кумановци беа изложени вкупно 29 дела, работени во техниките масло и акрил на платно. Колонијата се одржала од 13-ти до 18-ти август, на две различни локации- во манастиротот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште и во месноста Црнилиште.

-По неколку години ликовна пауза колонијата повторно се врати. Јас би рекол на големи врати меѓу присутните љубителите на уметноста. После неколку години пауза таа се врати….Се разликува од минатите колонии како по својот квантитет затоа што годинава односно минатата година учествуваа најмногу 16 уметници така и за квалитетот. Самата колонија беше финански помогната од Општина Свети Николе. За сите овие години преку колонијата поминаа голем број познати и признаени имиња од ликовната уметност и депото на Домот на културата е збогатено со повеќе од 300 дела од овие ликовни колонии-истакна Димитар Лазаров, учесник на колонијата.

-Се работи за долгогодишна соработка воглавно за изложби, но во  еден поранешен период имавме можност да соработуваме и на полето на фолклорот, театарските претстави па и на полето на музиката. Имате можност да се запознаете со делата од најновата продукција на ликовната колонија Ѓуриште 2018 каде учествуваа 16 автори од Македонија, Бугарија и Србија-истакна Роберт Цветковски, Центар за култура Куманово.

Изложбата Ѓурише досега била презентирана во Крива Паланка и Пробиштип а во Куманово ќе биде поставена до 20-ти февруари.

Коментари

коментар(и)