Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“

Изложбата на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“, во периодот 2023/2024, во четврток во 19 часот ќе биде отворена во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово.

Преку изложените дваесетина дела ќе понуди увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот.

Овој групен творечки опус  што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот Домот на културата „Крсте Мисирков “ – Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата, како и интензивната работа и соработка на учесниците на оваа манифестација  коишто создадоа уникатни уметнички дела инспирирани од околината и локалната култура на локалитетот Ѓуриште. Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе и идеи.

Изложбата  ќе биде поставена до 07.11.2024 година.

Коментари

коментар(и)