Измамена кумановка за огревно дрво

69-годишна жена  од кумановско село вчеравечер во полицијата пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле му платила, по што пријавениот и кажал да го чека со образложение дека ќе го донесе камионот со дрва, но после тоа не се појавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)