Измамен паланчанец за 700 евра

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце лишиле од слобода 23-годишен државјанин на Република Романија. Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако романецот  заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)