Изработка на Регистар на потенцијали за рурален туризам

Во рамки на активностите за изработка на „ Регистар на потенцијали за рурален туризам во СИП Регион денеска се одржа  првата работилница  на која беа презентирани моделите на квантитативно истражување и методологија на спроведување на квалитативно истражување. На презентацијата која беше во организација на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, учествуваа преставници од општините од североисточниот регион,земјоделци,граѓански здруженија како и преставници на бизнис заедницата.

-Денес започнуваме со нов проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП за квалитативно истражување на руралните потенцијали во североисточниот плански регион.Ние сме претежно рурален регион, така што сметаме дека во иднина истражувањето и регистарот што ќе се направи ќе ни користи за идни проекти со кои ќе аплицираме за исполнување на потребите кои ќе произлезат од мапирањето и идентификувањето напотенцијалите“-изјави,Младен Протиќ,раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Кванитативното истражување е извршено во четири региони во Македонија,меѓу нив и североисточниот плански регион со користење на методологија и обрасци кои се користат од Светската туристичка организација.Целта на истражувањето е да се идентификуваат потенцијалите за развој на руралниот туризам. Акцијата за идентификација ќе трае наредните месеци,кое покрај квантитативното ќе опфати и квалитативно истражување.

-Станува збор за специфичен туризам кој нуди можност во неразвиените подрачја да се постигне финансиски ефекти„-изјави Сашо Коруновски, консултант на УНДП за овој проект.

Во наредниот период ќе следат дополнителни работилници, интервјуа со фокусни групи,прашалници и на крајот ќе се идентификуваат потенцијалите за развој преку регистар кој ќе ги опфати локациите кои за североисточниот плански регион ќе бидат утврдени како најпогодни за вложување и развој на руралниот туризам.

 

Коментари

коментар(и)