Изучување на хрватски јазик во „Браќа Миладиновци“

Хрватската заедница во Македонија, поточно огранокот  Куманово организира часови за изучување на хрватскиот јазик во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Претседателот на огранокот, Иван Шеркиниќ наведе дека изучувањето е бесплатно, а го финансира Министерството за образование на Република Хрватска.

-Oсновна цел е членовите на заедницата на Хрвати подобро да го изучат својот мајчин јазик, а за останатите граѓани кои сакаат да се стекнат со дополнително знаење за хрватски јазик. Мое мислење е дека секое познавање на повеќе јазици е богатство, на некој начин и ова е дополнително образование-изјави тој.

Тој наведе дека може да се пријават сите заинтересирани на возраст од 7 до 17 години за изучување на хрватскиот јазик, но и на останатите предмети меѓу кои историја и географија.

-Претходните години имавме солиден интерес сите ученици покажаа интерес, знаење на крај на школска година добиваат сите сведителства… Самата динамика ќе се утврди со професор, во принцип до сега беше да се оди секоја втора недела по три училишни часови, за да не биде големо оптеретување на ученици бидејќи ова доаѓа како факулативо изучување-додаде тој.

Шеркиниќ наведе дека предавањата оваа година ќе започнат од 12-ти септември, а заинтересирани граѓани повеќе информации можат да добијат на наведените телефонски броеви или на веб страната на  огранокот на Хрватската заедница во Македонија.

 

Коментари

коментар(и)