(ВИДЕО) Илиевски: Велосипедски патеки и адреналински паркови за младите

„СДСМ во идниот четиригодишен мандат ќе гради велосипедски и пешачки патеки, адреналински паркови, спортски игралишта се со цел младите да излезат од дома и да се дружат во природа“ , порача кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на СДСМ, Оливер Илиевски, од излетничкото место Студена вода, каде што го придружуваа младите од СДММ.

-Младите да ја прочитаат нашата програма , да се информираат и да одиме сите заедно напред. Ние би сакале да го направиме градскиот кеј од почеток на Куманово, од влезот до излезот на Куманово односно до хотел Куба и да го продолжиме до влевот на реката Кумановка во река Пчиња, така што тука ќе имаме девет километри поврзани патеки се со цел младите да се дружат и да прават забави. Инаку, ќе одржуваме и „Кумановско културно лето“ се со цел младите да ги споиме на такви места, во природата одошто да одат во домашни услови да се дружат, изјави Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Куманово на СДСМ и коалицијата

Изградбата на локалитетот Студена вода финансиски беше поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, по апликација на локалната самоуправа.

„За уредувањето на делот околу Студена вода одвоени се 8 милиони денари, додека за патот од село Биљановце до излетничкото место потрошени се 18 милиони денари“, рече Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Ние очекуваме дека исто така преку министерството ќе имаме нови можности за програмите, а тука аплицираат локалните самоуправи, самите општини, каде што може да се асфалтира пат, како што сега имаме прилика во населено место до еден километар или ако се поврзува населено место со регионален пат, тоа е до седум километри, уредување на паркови, на вакви излетнички места, програмата ќе продолжи, но се со цел како да ги подобриме условите пред се на руралното население за да имаат вакви пријатни места каде што може да се излезе, така што програмата ќе продолжи, изјави Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Димковски најави дека кон крајот на годината или на почетокот на следната ќе биде објавен и новиот оглас за аплицирање на Програмата за рурален развој.

Коментари

коментар(и)