ВИДЕО: Илиевски: Вода ќе има, иако капацитетот на браните е исполнет само 30 отсто

Врнежите во кумановско липковскиот регион последниве денови дадоа надеж дека во идниот период до почетокот на сезоната ќе има доволни количини на вода, иако во моментов капацитетот на браните Глажња и Липково е околу 30 отсто, информираат надлежните.

Директорот на Водостопанство Кумановско-липковско поле Илиевски, потврдува дека за овој период е мала оваа количина, но сепак појаснува дека граѓаните не треба да се грижат, бидејќи ќе има доволно вода за Куманово.

Коментари

коментар(и)