Илиевски: Да создадеме кумановски бренд, конкурентен на меѓународните пазари

Оливер Илиевски, кандидатот за градоначалник заедно со носителката на листата на кандидати за советници Атина Мургашанска од СДСМ и Коалицијата беа во посета на работниците од чевларскиот сектор.

„Неопходно е да го вратиме реномето на градот како чевларски град, со тоа што ќе создадеме подобри услови и поволен амбиент за работа, да ги задржиме сите работни места, да овозможиме повисоки плати, како и да обезбедиме соодветен транспорт на работниците во лонг производството “,  рече Илиевски.

Тој истакна дека во соработка со Владата, со конкретни мерки, фирмите потребно е да бидат соодветно субвенционирани, со што ќе се придонесе за една успешна бизнис приказна во Куманово и унапреден локален економски развој.

 

Коментари

коментар(и)