Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово на дебата на ТВ Телма се обрати до актуелниот градоначалник Димитриевски и му порача да не врши притисок врз вработените во општинската администрација.
„Вработените земаат боледување за да избегнат вршење притисок, тоа лесно се докажува во човечки ресурси“, рече Илиевски. Тој истакна и дека службеник за млади назначен во општината оди од врата до врата и дели изборни пакетчиња за Димитриевски.
„За какви младински политики зборувате, тој службеник треба да биде избран од младински совет, а не од градоначалникот“, потенцира Илиевски.