Илиевски: Нов современ кеј и многу зелени површини

„Ќе изградиме современ кеј од влезот на градот до поранешниот Хотел Куба од двете страни со продолжување на пешачка патека по должината на кејот. Доколку сакаме да ја развиеме свеста кај секој од нас за чист и зелен град, за град со велоспеди, а не само автомобили, мора да обезбедеме услови и простор за тоа, со реализација на дело, истакна пред кумановци, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски.

На станарите кои живеат во близина на речното корито на Кумановка им вети зголемување на зеленилото, места за одмор и рекреација. Најави и уредување на локацијата наречена „Ореов лад“ со изградба на детско катче, со различни детски реквизити, уредување на напуштените зелени површини и уредување на секој квадрат.

о следните четири години, конечно ќе го реализираме долгонајавуваниот проект за оградување и целосно хортикултурно уредување на Градскиот парк, кој исто така за најмалите ќе добие катче со детски реквизити за игра.  На овој потег од градот се наоѓа и Градскиот стадион кој исто така завзема значајно место во Програмата и истиот ќе биде целосно реконструиран, со три трибини, , со што ќе му го вратиме изгубениот сјај на овој објект и ќе допринесеме Куманово да се врати на фудбалската мапа-нагласи тој.

Илиевски истакна дека на градот не му е потребно незаконско поставување на билборди за реклама, па така, исто како столбчињата на Октомвриска, и дупките кои ги гледаат во изминатиот период, ќе бидат пренаменети за засадување на дрвја, како и уредување на пешачка и велосипедска патека.

Со изградба на адреналински парк и вело парк ќе овозможиме младите да имаат простор кадешто ќе си ги тестираат границите и ќе излезат од комфорната зона. Со парк за милениците се грижиме за благосостојбата на домашните миленици, со адаптиран простор, со соодветни елементи за рекреација наменети за домашни миленици. Да ја подигнеме свеста кај сите граѓани за односот кон животните. Нема повеќе да ги прескокнуваме автомобилите додека пешачиме, децата, возрасните, родителите со колички мора да ги заштитиме од сообраќајниот метеж, а тоа ќе го постигнеме токму со ослободување на пешачките зони и изградба на нови пешачки патеки-рече Илиевски.

Со современо уреден кеј, зелени површини, амфитеатар на кејот, култни куќи и нова урбана опрема ќе изградиме нов лик на овој дел од градот, истакна Илиевски.

Коментари

коментар(и)