Инвестиции во општина Старо Нагоричане

Локалната самоуправа во Старо Нагоричане се повеќе инвестира во патната инфраструктура последниве години. Асфалтирање на уште нови пет патни правци, најавува градоначалникот Милован Стојковски. За некои од нив тендерите веќе се завршени.

-Веќе пет патни правци  се во план за асфалтирање, моментално се завршија тендерите за Арбанашко –Дејловски преслап во должина од  3 километри, за Цвиланце од два километри. Во министерството за финансии е завршување со поднесувањето  документација за два пата  од по километар и двеста за Враготурце и за Еребичарци, а преку североисточниот  регион ќе го изградиме патот заедно со општина Куманово,  Четирце- Никуљски пат тоа се пат асфалти, изјави Милован Стојковски, градоначалник на Старо Нагоричане

Реализацијата на планираните патишта ќе започне  наскоро, велат надлежните.

– Првите градежни работи  есенва што се однесува до патиштата, барем два од тие патни правци  мислам дека ќе се градат , а оние другите можеби до пролет, додаде Стојковски.

Овие патни правци заедно со асфалтот на релацијата Челопек -Никуљане и двата пата претходно реализирани во Младо Нагоричане, според градоначалникот Стојковски  ја достигнуваат бројката  од 8 асфалтни патни правци  , што е одличен резултат за општината.

Општината Старо Нагоричане се состои од 39 населени места во кои живеат 4.840 жители. За разлика од некои кумановски села каде што евидентна е миграцијата село –град , Старо Нагоричане може да се пофали со постојана бројка на население.

Коментари

коментар(и)