„Инклузива“ ги обучуваше политичарите за кампањи со лицата со попреченост

Здружението за развој на инклузивно општество „Инклузива“ денеска организираше работилница за политичките партии, на тема „Комуникација со лица со попреченост и организирање на пристапни кампањи“, која е во рамките на проектот „Инклузивни избори“, а е поддржан од меѓународната организација ИФЕС.

Според претседателката на „Инклузива“, Благица Димитровска политичките партии не се едуцирани за комуникација со лицата со попреченост, како и за организирање на кампањи кои ќе бидат достапни за оваа категорија на граѓани.

-Ова го правиме затоа што досега нема ниту еден пратеник лице со попреченост, но ги нема ниту во советите на општините. Не учествуваат во креирање на политиките затоа нашите политики се лоши во однос на правата на лицата со попреченост.  Државата и локалната заедница имаат обврска да ги вклучуваат овие луѓе, но и да креираат политики кои се однесуваат на нивните права, односно права како сите други граѓани во заедницата во која живеат-истакна таа.

Тридневната работилница која што ја организираше „Инклузива“ пред претседателските избори, според Димитриевска покажала резултати, бидејќи сите препораки кои што ги упатиле, биле вметнати во кампањите, односно партиите создале пристапни видеа, материјали  и за лицата со попреченост. Од Инклузива се надеваат дека во листите за претстојните избори ќе се најде и оваа категорија на граѓани.

Коментари

коментар(и)