„Инклузива“ ги повикува кандидатите да потпишат декларација

Кандидатите за градоначалници и советници можат да потпишат декларација која ја изготви здружението инклузија, а се однесува на правата на лицата со попреченост.

-Здружението „Инклузива“ ги повикува сите кандидати за градоначалници, носители и идни советници, да дојдат во нашата канцеларија за да потпишат декларација за инклузија во општина Куманово. Оваа декларација на некој начин ќе ги задолжи идните советници да размислуваат на инклузијата на лицата со попреченост, како за сите граѓани не во сегрегирани средини и во несоодветни услови како сега. Ние сме свесни дека во нашата општина не постои пристапно место, лицата со попреченост не можат да дојдат до општината, ниту до Советот на општина Куманово, а да не зборуваме за банките, поштите, здравствените установи и сите други објекти во кои не можат да пристапат. Ова треба во 21 век да се смени, но тоа ќе го смениме само ако работиме заеднички, така што нека дојдат во канцеларијата од 10 до 15 часот до петок, со тоа нема да направат ништо лошо, туку подобро за иднината на граѓаните со попреченост-истакна Благица Димитровска, претседател Здружение Инклузива.

Коментари

коментар(и)