Интегра: Вакцинацијата е право на избор и никако поинаку

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА поддржува секаков вид на отпор, од кој и да е организиран, против било какви рестрикции, ограничувања на личните слободи, принуда со употреба на сила, дискриминација против било кого, сегрегација по било кој основ, сеење на раздори и делење на нацијата од било кои причини. И нашиот став е јасен, вакцинацијата е право на избор, слобода на лична одлука, но не и агресија врз животните одлуки на секој поединец. Ваквиот став го поткрепуваме со наше индивидуално присуство на секаков вид на настани кои прокламираат вакви цели, како знак на согласност за поттикнување на отпорот на нацијата кон било какво мешање на владата во личните животи на поединецот и нацијата во целина-се вели во соопштението од оваа партија.

Коментари

коментар(и)