Интегра: Националниот систем за управување со кризи се покажа неспособен

По кој знае кој пат, Националниот систем за управување со кризи се покажува неспособен за брза, ефикасна и успешна реакција во услови на вонредни ситуации со масовни пожари.

Недомаќинското работење, јавашлукот на властите, негрижа за потребите на населението, високото ниво на корупција и во сферите на менаџирање со кризи се нашата сурова реалност веќе 30 години, и во времето на СДС* и во времето на ДП*НЕ.

Таквиот модел на криминогеност го гледаме и денес – КОЧАНИ БАРА ПОМОШ, а само три противпожарни возила се на терен, граѓаните сами се борат против огнената стихија која зафати и куќи од градот, 9 луѓе вдишале чад и се наоѓаат во болница на кислородна терапија. Срамота…неспособност на квадрат.

Прашања до власта и до јавноста:

  1. Зошто набавените канадери не се во функција?

Воздухопловните канадери наречени „ер трактор“, имаат капацитет да наполнат повеќе од 3 тони вода. Канадерите кои треба од небо, да помагаат во гаснењето на пожарите, веќе втора година не се во функција,  чекаат тендер, бидејќи нема кој да ги сервисира. Додека се чека тендерската постапка, овие корисни летала онаму каде што има оган ги заменуваат хеликоптери на АРМ.

Пилотите и техничарите на канадерите, на европско ниво важат за едни од најдобрите во својата струка.

Предлог решение: Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), згора на тоа и Национален координатор за справување со кризи се покажаа целосно нефункционални институции, станаа легло на партиски вдомувања, превработени, со паралелни истоветни надлежности, стануваат се’ поголем проблем во системот, отколку решение. Системски исчекор е нужен, веднаш, неодложно.

Брзопотезно мора авионите канадери да се одземат од ДЗС и да се префрлат во МВР, комплет со се’ кадарот.  МВР има капацитет да развие интерен систем за одржување на воздухопловите, и да се на располагање 24/7.

Секоја година, половина милион евра се предвидени за одржување на канадерите. Пет милиони евра се потрошени од буџетот досега, пари на граѓаните и бизнисите, а резултатот е една голема нула.

Поради се’ почестите пожари, кои за жал ќе ги има и во иднина поради климатските промени, дополнително на професионалните служби, добро е да се прават и редовни обуки за гаснење на пожар од страна на пожарникарите за сите заинтересирани граѓани.

Да се формира резервен состав на пожарникари волонтери кои ќе бидат обучени, ќе имаат лична опрема и ќе имаат соодветна мобилна апликација преку која координативните тела ќе може да гледаат каде точно се наоѓаат на терен при гаснење на пожар.

Потребно е, за ефикасна координација, да се воведат дронови опремени со софтвер, за во реално време да се гледа каде гори, каде има пожарникари и волонтери.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија одлучи да се стави на страна на РЕШЕНИЈАТА, како што впрочем сме делувале и досега, така и во овој случај, со пожарите. Ова се само дел од потезите и одлуките кои ќе мора веднаш да се преземат.

Тоа е долг на секоја Влада, да обезбеди заштита, сигурност и безбедност на своето население и на државата.

 

 

Со почит,

Коментари

коментар(и)